Швајцарија воведува работни дозволи за сите државјани од ЕУ

44

swiss-flagШвајцарската влада одлучи да издава работни дозволи за државјаните на сите земји членки на Европската унија. Оваа мерка веќе е воведена за државјаните на осум земји од централна и источна Европа – Естонија, Унгарија, Литванија, Латвија, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.

“Сојузната влада одлучи примената на “клаузулата за зачувување”, која од минатата година се користи за државјаните на осум земји од ЕУ, сега да ја прошири и на останатите членки на Унијата”, изјави министерката за правосудство, Симонета Сомаруга.

Во мај 2012 година Швајцарија објави дека 2.180 државјани на осумте земји од централна и источна Европа можат да добијат едногодишна работна дозвола тип Б. Во мај ќе почне со доделување на 53.700 работни дозволи за останатите членки на ЕУ, а кога ќе биде исполнета таа квота, веќе нема да се издаваат дозволи.

Во соопштението на Владата се наведува дека во последните неколку години е забележан константен раст на бројката на луѓе што доаѓаат да работат во Швајцарија. Владата наведе дека заклучила дека со ограничување на бројот на издадени работни дозволи може да помогне имиграцијата да биде прифатлива за општеството.

Од Владата подвлекуваат дека ЕУ и понатаму останува најважен партнер за Швајцарија.