Швајцарска инвестиција од десетици милиони евра доаѓа во Македонија

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ планира значајна инвестиција во Македонија во вредност од неколку десетици милиони евра, што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 нови работни места, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали земјава работи на изнаоѓање странски инвестиции, Мицкоски нагласи дека еден од главните приоритети на Владата се странските инвестиции.

– Приоритет на оваа Влада се инвестициите и отворањето нови работни места. Веќе имаме потврда дека швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира неколку десетици милиони евра, со што ќе се овозможи вработување на повеќе од 500 лица. Тоа се дел од добрите вести што во континуитет ги споделуваме со граѓаните – изјави Мицкоски.