Швајцарската берза доби лиценца за дигитални средства

22

Швајцарскиот финансиски регулатор даде зелено светло за локалната берза SIX Digital Exchange (SDX) да управува со дигиталниот централен депозитар за хартии од вредност (CSD) на берзата, пренесуваат светските агенции.

Ова е прво вакво одобрување и ќе го олесни тргувањето со дигитални хартии од вредност.

Според Банката за меѓународни порамнувања, ова е „витален дел од финансиската инфраструктура“ што обезбедува сметки за хартии од вредност, услуги за централно складирање и услуги за средства.

Првично, SDX претстави план за изградба на целосно интегрирана инфраструктура за трговија, порамнување и чување, врз основа на технологијата за дистрибуција на дигитални средства уште во 2018 година.

Во соопштението, берзата рече дека SDX има намера да учествува во „заеднички вложувања“ и со локални и со меѓународни компании за дигитално финансирање.

Властите ширум светот внимателно ги следат дигиталните берзи, кои беа критикувани од голем број регулатори за хартии од вредност, главно поради начинот на кој тие добиваат лиценци.

Томас Зиб, член на извршниот одбор на SDX, рече дека регулаторните одобрувања се значаен развој за швајцарската берза и поширокиот пазар на дигитални средства.

“Ова е важен чекор за обезбедување на институционалните инвеститори со сигурна и стабилна инфраструктура која ги исполнува сите основни барања на традиционалната инфраструктура за размена. Во овој поглед, процесот на одобрување на SDX се покажа како непроценливо искуство за индустријата во целина“.

Сепак, сè уште не е јасно точно кога новата одобрена дигитална инфраструктура ќе профункционира.