
Швајцарските индустриски компании стравуваат дека повисоките американски царини во споредба со нивните конкуренти од Европската Унија ќе ги стават во неповолна положба на пазарот на Соединетите Американски Држави, според анкета објавена денес од страна на индустриското здружение на Швајцарија.
Од крајот на јули, Соединетите Американски Држави применуваат царина од 12,5 проценти за стоки од Швајцарија, додека стапката за производи од Европската Унија е 10 проценти, објавува Ројтерс.
Разликата од 2,5 процентни поени веќе врши притисок врз швајцарските извозници, особено затоа што тие се натпреваруваат со компаниите од ЕУ за истите клиенти.











