Швајцарската Maus Freres ја купи Lacoste

21

Францускиот бренд Lacoste го презеде швајцарската компанија Maus Freres, со купување на акции во вредност од една милијарда евра.

“Сите акционери на Lacoste се согласија да ги продадат своите целосни удели на Maus Freres, која веќе има 35% од капиталот на Lacoste преку Devanlay”, изјавија од швајцарската компанија

Maus Freres минатиот месец изјавија дека се согласиле да купат дополнителни 30,3% од француската компанија од поранешниот претседател и извршен директор Мишел Лакост. Мишел се согласи да го продаде својот удел поради кавгите и несогласувањата со својата ќерка Софи Лакост – Дурнел, која беше именувана за неизвршен претседател во септември.

Пред една недела и група акционери на Lacoste најавија дека ќе ги продадат своите 28% од акциите.

Lacoste е основана во 1933 година од францускиот тенискиот шампион Рене Лакост, со прекар “Крокодил”, што е и логото на компанијата. Прекарот го добил поради својата упорност на теренот.

Maus Freres исто така е фамилијарен бизнис, основан уште во 1892 година, а поседува неколку познати марки како Manor, Gant, Accarda, Aigle, а сега и Lacoste. Швајцарската компанија објави дека ќе го зачува брендот Lacoste и ќе продолжи со негов развој и експанзија во светот.