Швајцарската национална банка ја задржа основната каматна стапка на 0 проценти, очекува ниска инфлација

Швајцарската национална банка (SNB) денес ја задржа клучната каматна стапка на нула проценти, со оценка дека сегашната стапка го поддржува економскиот раст и во исто време ја одржува инфлацијата во земјата на стабилно ниско ниво во опсегот помеѓу нула и два проценти.

Врз основа на сегашните податоци, банката очекува просечната годишна инфлација во Швајцарија да биде 0,2 проценти во 2025 година и малку да се зголеми на 0,3 проценти во 2026 година и 0,6 проценти во 2027 година.

„Глобалниот економски раст беше посилен од очекуваното во третиот квартал од 2025 година. Американските царини и неизвесноста во трговската политика влијаеја врз глобалната економија, но економскиот развој во многу земји досега остана поотпорен од очекуваното. Инфлацијата остана висока во Соединетите Американски Држави, додека во Еврозоната беше блиску до целните вредности“, забележува банката.