Швајцарски инженерски гигант презема шпански производител на роботи

31

Швајцарскиот инженерски гигант Asea Brown Boveri (ABB) најави дека ќе го преземе шпанскиот производител на роботи, ASTI Mobile Robotics, со којашто сака да го прошири бизнисот со роботи на опрема за индустриски погони.

Автомобилскиот сектор е најголем клиент на АВВ, со овој бизнис на роботи, но во овој момент е во криза поради недостиг на чипови, па швајцарската компанија сака да се заврте кон други сектори.

Шпански ASTI е производител на автономни мобилни роботи, коишто слободно се движат по фабрички погони со брзина и до два метри во секунда и не бараат инсталирање на посебни патеки за движење.

Глобалниот пазар на автономни роботи се очекува да порасне за околу 20% годишно и до 2025 година да достигне вредност од 14 милијарди долари.

Фото: Pexels