Швајцарски компании кои ја напуштија Русија поради западните санкции планираат да се вратат

137

Околу 6% од големите швајцарски компании кои ја напуштија Русија поради западните санкции – планираат да се вратат таму во следните три години, според истражувањето објавено од Credit Suisse Research Institute.

Во извештајот се посочува дека околу 4 отсто од микро-претпријатијата, 3 отсто од малите и 8 отсто од средните претпријатија и речиси една од четири големи швајцарски компании ги прекинале деловните врски со Русија во 2022 година, пренесува Telegraf.rs.

„Конфронтацијата меѓу Западот и Русија стави крај на ерата на мултилатералната трговија, барем засега“, пишува Credit Suisse, истакнувајќи дека геополитичките тензии претставуваат предизвици за швајцарските фирми.

Компаниите се погодени не само од санкциите, туку и од тарифите и другите нетарифни бариери, како што се регулативите за државни набавки и процедурите за одобрување, се вели во соопштението.

„Не е чудно што на листата на земји од кои швајцарските компании се повлекоа во последните три години ја предводи Русија… И покрај тоа, неколку големи компании веќе планираат да започнат или обноват деловни активности во таа земја“, се наведува во извештајот, додавајќи дека тие „ дали и кога овие планови навистина ќе бидат спроведени ќе зависи од натамошниот тек на војната во Украина“.

Во извештајот, исто така, се истакнува дека странските компании кои работат со швајцарски фирми генерално се противат на усвојувањето на антируските санкции од страна на Швајцарија. Според истражувањето, околу 40 отсто од анкетираните компании почувствувале негативни реакции од нивните деловни партнери поради нивната поддршка за меѓународните санкции против Москва

„Резултатите од истражувањето ја илустрираат важноста за одржување на неутралноста за швајцарските компании. Повеќе од три четвртини од анкетираните компании веруваат дека одржувањето на швајцарската неутралност е во интерес на нивната сопствена компанија“, пишува Credit Suisse, а пренесува RT.

Во истражувањето учествувале 650 швајцарски компании, меѓу кои 600 мали и средни компании и 50 големи компании. Се заснова на одговорите на менаџерите чии компании работат со странски партнери.

Фото: Pixabay