Швајцарскиот стартап Swisspod Technologies сака да изгради своја верзија на hyperloop под Алпите, со идеја да овозможи превоз на патници и стока на релација помеѓу Женева и Цирих.
За да се реализира проектот, под Алпите ќе се изгради “железница“, односно вакуум цевки во кои возовите ќе сообраќаат со брзина помеѓу 1.000 и 1.200 км / ч и ќе превезуваат 30 патници во едно возило.
Swisspod планира да го донесе својот hyperloop на пазарот за 4 – 5 години, а според извршниот директор и основач на компанијата Денис Тудор, целосниот план за имплементација на технологијата ќе биде познат за девет месеци.
Досега немаат откриено колку ќе чини изведбата на овој амбициозен проект.
Фото: Facebook