Швајцарскиот прехранбен гигант најави поскапување

76

Нестле ќе мора дополнително да ги зголеми цените на своите прехранбени производи оваа година за да ги компензира повисоките трошоци за производство.

Ова го изјави извршниот директор Марк Шнајдер за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Зголемувањата нема да бидат толку големи како во 2022 година, но ќе мораме да ги надоместиме во текот на целата година“, рече Шнајдер во интервју за германски весник што ќе биде објавен утре, пренесе Ројтерс.

Во првите девет месеци од 2022 година, најголемата светска групација за храна, која ги произведува чоколадните  KitKat и Нескафе, забележа органски раст на продажбата од 8,5 отсто, додека растот на цените беше 7,5 процентни поени.

Инфлацијата во многу развиени економии е на највисоко ниво во последните неколку децении, најмногу поради зголемувањето на цените на храната и енергијата.