Сите швајцарски функционери на федерално ниво во иднина каде што е можно на службени патувања ќе мора да одат со воз, а не со авион.
Оваа одлука е во склад со владината уредба од минатата година со која е одлучено до 2030 година да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 30% и сè повеќе да се инсистира на зелена енергија.
Од први јули од сите федерални функционери ќе се побара на службените патувања воз да патуваат со воз од швајцарската престолнина Берн до места како Париз, Фиренца, Салцбург…
Патувањето со воз ќе биде задолжително без оглед на фактот што е побавно отколку патувањето со авион.
Фото: Pixabay