Швајцарија е најуспешна во привлекување и задржување таленти, каде е Македонија?

20

Швајцарија е најуспешната земја во привлекување и задржување таленти во 2023 година, според годишното истражување на француската бизнис школа INSEAD.

Според глобалниот индекс на конкурентност на таленти, кој секоја година мери како 134 земји успеваат да привлечат и задржат талентирани луѓе во земјата, Швајцарија веќе десетти пат по ред го зазема првото место, пренесува Танјуг.

Тие наведуваат дека Северна Македонија на 71 место, Србија на 52 место, Романија на 54 место, Албанија на 56, Босна и Херцеговина е на 83 место.

Сингапур го одбрани второто место од минатата година, потпирајќи се на високообразованата работна сила и иновативната економија, а на трето место се САД, кои минатата година беа на четврто место.

Во топ 10 се и Данска, Холандија, Финска, Норвешка, Австралија, Шведска и Велика Британија, додека Русија е на 53. место.
Во истражувањето се наведува дека Швајцарија е привлечна благодарение на „високото ниво на социјална заштита“ и квалитетот на нејзината природна средина.