Шведска добива автопат каде електричните возила ќе можат да се полнат додека возат

36

Бидејќи ЕУ минатиот  во март усвои значаен закон со кој се бара сите нови продадени автомобили да имаат нула емисија на CO2 од 2035 година, европските земји брзаат да ја подготват инфраструктурата потребна за мобилност без фосилни горива.

Шведска веќе е на таа задача: го претвора автопатот во постојан електрифициран пат – прв од ваков вид во светот, каде што автомобилите и камионите можат да се полнат додека возат.

Експертите велат дека ваквото динамично напојување ќе дозволи електричните превозни средства да патуваат на долги дистанци и покрај малите батерии, но и дека принципот ќе го спречи долгото чекање на станиците за електрично напојување.

Шведска е пионер во градење на електрични патишта, а процесот вклучува неколку пилот проекти, меѓу кои и првиот привремен електричен автопат.

„Сметаме дека ваквото решение може да помогне во достигнување на целта за ослободување од загадувањето за кое придонесува транспортниот сектор, но работиме и на други решенија“, изјавил Јан Петерсон, директор за стратешки развој во Trafikverket, шведската транспортна администрација.

Избраниот автопат, европската рута Е20, ги поврзува логистичките центри меѓу Халсберг и Оребро, лоцирани во средината на трите големи градови во земјата, Стокхолм, Гетеборг и Малме.