Шведска ги воведува досега најстрогите мерки против коронавирусот

84

Шведската влада ги воведе досега најстрогите мерки за сузбивање на ширење на коронавирусот во вториот бран од пандемијата. Тоа вклучува препораки за носење маски во средствата за јавниот превоз и затворање на економските активности што не се неопходни.

Шведските власти досега тврдоглаво се противеа на воведување карантин и во текот на пандемијата им беа постојано отворени училиштата, компаниите и рестораните. Но, вториот бран им донесе рекорден број на новозаразени, поради што беа неопходни овие мерки.

Економски активности што не се неопходни и што ќе бидат затворени се теретани, базени и книжарници.

Шведска регистрира висока стапка на смртност со околу 8.000 смртни случаи, што е неколку пати поголема бројка одошто во соседните земји.

Фото: Freepik