Шведска ќе гради нови нуклеарни реактори

98

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека пред парламентот ќе поднесе предлог-закон со кој ќе се овозможи изградба на нови нуклеарни реактори, јавува Анадолија.

Кристерсон на прес-конференцијата изјави дека целта им е да го зголемат производството на електрична енергија и да ја зајакнат енергетската безбедност.

Подготвуваме закони кои ќе овозможат изградба на нуклеарни реактори на неколку места.

Тој рече дека законот, за кој вели дека е отворен за консултации, ќе стапи на сила во март 2024 година.