Шведска компанија тврди дека нејзините електрични „летечки“ чамци можат да ја спасат Венеција

149

Венеција е прекрасен „пловечки“ град кој тоне, а шведската компанија Candela тврди дека нејзините „летечки“ електрични чамци можат да помогнат да се спаси.

На Венеција и се заканува деструктивниот феномен „”moto ondoso“, бранови кои погодуваат згради и тротоари и се предизвикани од чамци кои минуваат низ градските канали.

УНЕСКО го означи “moto ondoso” како „макро итен случај“ што ја загрозува кревката лагуна и посочи дека е неопходно драстично да се намалат ефектите од моторните чамци, а токму тука компанијата Candela ја гледа својата шанса.

Електричните чамци Candela C-8 и P-8 Voyager се посебни по тоа што не создаваат речиси никакви бранови, C-8 е лесен брод, додека P-8 Voyager е дизајниран да пренесува патници како такси. Овие карактеристики овозможуваат гореспоменатите електрични чамци да бидат широко користени во Венеција.

Чамците на Candela се дизајнирани од експерти за авијација и беспилотни летала, а при движење со брзина од околу 55 км/ч произведуваат „трага“ од само 5 сантиметри, па тешко дека брановите ќе удрат во брегот, или во темелите на градот. Освен тоа, чамците пловат тивко.

Поголемиот модел P-12 може да прими до 30 патници и беше најавен во јуни оваа година. Candela тврди дека тоа ќе биде првиот „летечки“ траект со домет од 60 наутички милји, кој ќе може да плови со брзина до 60 km/h. Производителот тврди дека овој брод може да биде решение, односно алтернатива за возилата на тркала за време на сообраќајниот шпиц.

Шведската компанија го претстави својот прв брод C-7 во 2019 година, а нема затворена кабина како другите и е повеќе брод за уживање во летото.

Бродовите на Candela можат да пловат 150 минути со едно полнење на батеријата, а во иднина би можеле да се користат и надвор од Венеција за да пловат до островите Бурано и Пелестрина.