Шведска рециклира дури 99% од својот отпад

74

10

Во Шведска се одвива вистинска “рециклирачка револуција“, откако помалку од 1% од отпадот оди во посебна депонија, а остатокот се рециклира. Отпадот што не се рециклира обично се отровни материи и се депонираат во запечатени контејнери, за да се избегне загадување на подземните води и атмосферата.

Оваа скандинавска земја стана толку добра во управувањето со отпадот што увезуваат и ѓубре од Велика Британија, Италија, Норвешка и Ирска за да ги наполнат 32-те електрани што што го користат отпадот како погонско гориво.

Просечен Швеѓанец годишно произведува 461 килограми ​​отпад, што претставува бројка која е малку пониска од европскиот просек од половина тон по жител.

Oваа земја се фокусира на алтернативи со цел да се намали количината на загадувањето. Процесот почнува со раздвојување на отпадот во шведските домови: индивидуално се фрла органски отпад, хартија и амбалажа. Исто така и компаниите што рециклираат отпад се задолжени за негово собирање.

Според податоците од шведската компанија за рециклирање, Returpack, Швеѓаните годишно враќаат 1,5 милијарди шишиња и лименки, од кои поголемиот дел потоа се рециклираат. Остатокот од отпадот се користи за производство на енергија, со која што потоа се загреваат домовите во оваа скандинавска земја.

Дури пред 100 години Шведска ја отвори својата прва фабрика за согорување на отпадот. Од тогаш, рециклирањето на отпад стана главен извор на енергија во земјата и се произведува повеќе енергија од нуклеарните и хидроцентралите заедно. Биомасата што се состои од растителни, животински и човечки отпад, широко се користи за производство на топлина и електрична енергија.