Шведска се потпира на својата силна економија среде европската енергетска криза

39

Шведската економија е доволно силна да ги издржи ефектите од енергетската криза што ја зафати Европа и започна во Скандинавија, рече шведскиот премиер Стефан Лофвен.

“Имаме многу, многу силна економија“, рече Лофвен за време на неговиот престој во Њујорк, во интервјуто што го пренесе Блумберг. “Ако имаме драматично повисоки цени на долг рок, тоа ќе влијае на потрошувачката, но мислам дека сè уште не сме ја достигнале таа точка“.

Односот на Шведска кон БДП остана под 40 проценти дури и за време на кризата предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19 и останува една од најниските во Европа. Лофвен рече дека тој сооднос ќе падне на околу 35 проценти.

Цените на природниот гас во Европа годинава се повеќе од тројно зголемени, предизвикувајќи страв од нагло зголемување на инфлацијата низ целиот континент, па дури и ја натера британската влада да одржи итни разговори со добавувачите на електрична енергија.

Иако природниот гас не е широко користен во Шведска, тој поттикна раст на другите трошоци за енергија, кои историски беа меѓу најниските во регионот. Потрошувачките цени пораснаа повеќе од очекуваното во август, а Swedenbank AB минатата недела предупреди дека инфлацијата може да го достигне највисокото ниво од глобалната финансиска криза во 2008 година.