Шведска: Шини на автопат ги полнат електричните возила

31

Шведска планира да направи патишта коишто ќе ги полнат електричните возила додека се движат. Тој проект е реализиран во вид на експериментален пат eRoad–Arlanda. Ако овој проект се покаже ефикасен, проектот ќе се прошири низ цела земја. Патот се наоѓа во близина на Стокхолм во должина од два километра.

Пресметката на шведските инженери е едноставна – камионите скоро 80% од патот го поминуваат, возејќи по автопатишта и тоа обично во колони. На патот со инсталирана електрифицирана шина на средната лента се заштедува на енергија, нема загадување, а транспортот е 10 пати поевтин.

Со употреба на подвижна “рака“ сместена на дното на шасијата, возилото се поврзува со електрична шина инсталирана на патот. Кога возилата се приближуваат кон патеката, сензорот од автомобилот или камионот ја препознава електрифицирана шина, подвижната рака се спушта под возилото и се прикачува на неа.

Јужна Кореја и Кина, исто така, инвестираат во развој на соларни, електромагнетски патишта на коишто полнењето на автомобили и камиони се врши безжично, за да се намалат емисиите на штетни гасови.

Фото: Pexels