Шведска започнува со тестирање на дигитална круна

38

Шведската централна банка планира да ја тестира употребата на дигиталната валута е-круна во реалниот свет, а во проектот ќе вклучи и комерцијални банки.

Централните банки ширум светот планираат да воведат дигитални валути на централната банка (CBDC) како одговор на намалувањето на употребата на готовина и како начин за забрзување на домашните и меѓународните плаќања.

Досега, пилот-проектот за е-круна беше симулиран само во рамките на Riksbank, а во следната фаза, проектот ќе биде проширен за да вклучува учесници како што се комерцијални банки, соопшти централната банка.

“Технологијата нуди нови можности, но не е тестирана кога станува збор за обработка на малопродажни плаќања и со потребното ниво на безбедност“, соопштија од Riksbank.

Фото: Pixabay