Шведскиот моден трговец H&M (Hennes & Mauritz) објави денеска дека во периодот септември-ноември 2021 година, односно во четвртиот квартал од фискалната година на компанијата, остварила поголема добивка од очекуваното благодарение на добриот прием на новите модни колекции и контролата на трошоците.
Добивката пред оданочување на вториот по големина моден трговец на мало во светот се зголеми на 6 милијарди круни (640,1 милиони долари) од 3,67 милијарди круни (392,1 милиони долари) во истиот период во 2020 година, пренесува Ројтерс.