Сите деца сонуваат да имаат куќа на дрво. Доколку ја посетите Шведска, ќе имате можност да престојувате во еден таков хотел што личи на куќичките на дрво од детските сништа.
Градот Харадс во Шведска ќе ви понуди незаборавен одмор во овие мали хотелски соби на дрво доколку го посетите.
Местото каде што се наоѓаат овие мини хотели е во шума и посетителите можат да бираат меѓу шест различни куќички во зависност од нивниот вкус.
Собите главно се изградени четири до шест метри над земјата и имат прекрасен поглед на река. Дизајнот и ентериерот на секоја соба е во склоп со најголемите еколошки стандарди, имаат дрвени подови, LED осветлување…
Престојот во една ваква соба чини околу 500 евра.