
Шведскиот производител на мебел Икеа планира да инвестира околу 300 милиони евра во Јужна Кореја во следните три години за да го зголеми својот удел на пазарот во таа азиска земја.
„Инвестираме многу во Азија“, рече Толга Ончу, шеф на малопродажната групација на компанијата Ingka Group, за време на неговата прва посета на земјата од 2018 година и најави отворање на нови продавници, пренесе Блумберг.
Икеа, позната по својот бизнис модел „направи сам“, има четири продажни места во Јужна Кореја и нуди купување и испорака.
Оваа компанија инвестираше во подобрување на автоматизацијата на својата услуга за испорака во последните години и како што рече Ончу, таа е една од најквалитетните испораки во Јужна Кореја.
Брендот планира да ги намали цените на глобално ниво и очекува намалување од 10 до 20 отсто за клучните производи во Јужна Кореја, додаде тој. Во САД, Икеа ги намали малопродажните трошоци за речиси 1.000 производи.











