Шведските Икеа и H&M стигаат во Србија

33

ikea H&MСе поизвесно е дека најголемиот европски произведувач на мебел ќе отвори фабрика и во Србија. Амбасадорот на Шведска во Белград, Кристер Брингеус најави дека Икеа е на пат да основа претпријатие во Србија и дека ќе дојде наскоро, што ќе биде голема инвестиција од преку една милијарда евра. Тој додаде дека наскоро ќе дојде и шведски H&M, компанија која се занимава со производство на облека, пишуваат српските медиуми.

Претходно веќе неколку пати беше најавувано дека Икеа ќе отвори фабрика во Србија. Најавувано беше дека и шведскиот моден гигант ќе влезе на српскиот пазар, а првата продавница ќе виде отворена наесен.

H&M во 2011 година отвори неколку продавници во Хрватска и тоа во Загреб, Риека, Задар, Шибеник, Сплит и Осиек.

На почетокот на годинава Икеа доби дозвола за градење на продажен објект од загрепската жупанија. Првата стоковна куќа на Икеа ќе биде отворена една година по започнувањето на изградбата, а вкупната инвестиција ќе изнесува 100 милиони евра.