Швеѓаните сè помалку го поддржуваат воведувањето на еврото, довербата во круната расте

Поддршката на шведските граѓани за воведување на еврото опадна втора година по ред, што покажува дека Швеѓаните сè уште имаат доверба во сопствената валута, шведската круна, во нестабилни економски времиња, според анкетата објавена денес од Статистика Шведска (SCB).

Уделот на граѓаните кои сакаат да ја заменат круната со заедничката европска валута падна на 28,7 проценти во споредба со 32 проценти минатата година, според Блумберг.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 52,1 процент, се изјаснија против воведувањето на еврото, што дополнително го продлабочи јазот меѓу поддржувачите и противниците на промената на валутата.