Siemens Австрија под истрага поради корупција на Балканот

45

siemensЈавното обвинителство во Австрија покрена истрага против Siemens поради поткупување на југоистокот на Европа. Истрагата не се води само против менаџерите, туку против целата компанија Siemens Österreich AG, пишува Kurier.

Компанијата се сомничи дека во југоисточна Европа платила 50 милиони евра мито. Со овие пари фирмата “купувала” бизнис зделки во Бугарија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Поткупот бил исплатен преку договори за консултантски услуги, за кои обвинителството верува дека биле лажни. Обвинителството во Виена, во рамките на истрагата проследи неколку барања за правна помош до земјите од југоисточна Европа.

Истражните органи очекуваат до есен да го завршат извештајот, по што ќе следува анализа, за наредната година да биде одлучено дали ќе биде покренато обвинение.