Siemens купува дел од енергетскиот бизнис на Rolls Royce за 1,3 милијарди долари

51

gasni turbiniКомпанијата Rolls Royce се согласи за 1,3 милијарди долари на Siemens да му го продаде својот дел од бизнисот што се занимава со производство на гасни турбини и компресори, јавува BBC.

Rolls Royce на крајот на минатиот месец ја најави можноста за продажба на овој дел од својот бизнис.

Оваа одлука доаѓа во време кога Siemens се појавува како можен противник на американскиот конгломерат General Electric во натпреварот за француската групација Alstom во енергетскиот бизнис.

Siemens планира реорганизација на својот бизнис во девет дивизии заради зголемување на продуктивноста во работата.