Siemens се повлекува од бизнисот со соларна енегрија

24

Германската компанија Siemens извести дека планира да се повлече од работењето со соларна енергија затоа што не успеале да ги остварат своите очекувања.

“Компанијата планира да го продаде работењето со соларна енергија и моментално се преговара со потенцијални купувачи. Siemens планира да се фокусира на обновлива енергија од ветер и на хидроенергија”, стои во соопштението. “Поради промените на условите, понискиот раст и силниот ценовен притисок на пазарот на соларна енергија, очекувањата на компанијата во врска со работењето на полето на соларна енергија не се исполнети”, заклучуваат од Siemens.

Енергетскиот оддел ќе биде намален, а одделот за соларна енергија престанува со работа. Од компанијата истакнуваат дека работењето со соларна енергија не се покажало профитабилно како што се надевале.