Сијарто: Ауди Унгарија произведе 177.000 возила во 2023 година, најмногу во последните 10 години

21

Компанијата Audi Hungaria, подружница на германскиот Audi, во 2023 година произведе 177.000 автомобили во својата база во градот Ѓер и со тоа го собори десетгодишниот рекорд, објави денеска на социјалната мрежа Фејсбук министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Тој додаде дека германскиот производител на автомобили Мерцедес континуирано ја проширува својата фабрика во градот Кечкемет, додека BMW го гради своето седиште во Дебрецен, пренесува МТИ.

„Унгарија стана дел од ексклузивен елитен клуб со Кина и Германија како земја каде што сите три германски премиум марки на автомобили имаат независна база“, истакна Сијарто.