Силиконска долина доаѓа во Скопје

25

11

ЊуМенс Академијата и Смарт-ап Центарот во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact, ви нудат уникатна можност – да учествувате на ексклузивна обука на тема Корпоративни иновации & Intrapreneuship.

Програмата е наменета за компании од Македонија коишто сакаат да го ремоделираат својот бизнис, да воведат иновативни производи, услуги или процеси, да го зголемат влијанието на локалните и интернационалните пазари и да станат попривлечни за странски клиенти и инвеститори.

Обуката ќе се реализира во форма на BOOT CAMP и се состои од два дела:

  • Дел 1 – Наменет за стекнување знаења во делот на Експоненцијални технологии и какви предности им нудат на компаниите, како и идентификување на потенцијални области на унапредување во рамки на компаниите (групни и индивидуални сесии) со можност за вклучување на студенти и фриленсери во изнаоѓање на иновативни решенија;
  • Дел 2 – Наменет за работа на конкретни иновативни решенија (групни и индивидуални сесии) со можност за вклучување на студенти и фриленсери во изнаоѓање на иновативни решенија.

За учество на обуката можете да се пријавите за учество на еден од двата начини:

  1. Како компанија која сака подобро да се позиционира или да настапи на регионалните и светските пазари и е спремна да соработува со надворешен млад тим на студенти и фриленсери кои ќе работат на потенцијални иновативни решенија, или
  2. Како студент или фриленсери кои ќе имаат можност да научат што значи intrapreneurship и како можат да иновираат за потребите на компаниите.

Агенда за компании (сопственици и менаџери):

22

Агенда за студенти и фриленсери:

33

Информација за менторите:

  • Дарлен Дам, директор на факултетот Singularity University

44

  • Рана Чакрабарти, дизајнер на кориснички искуства, SAP

55

Информација за цена и начин на плаќање:

Заради заложбите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот да креира успешен деловен екосистем во Македонија и пласман на иновативни македонски производи и услуги на светските пазари, учеството на Boot Camp-от е овозможено по бенефицирана цена и тоа:

– Компании: 2.400 ден. за 1 лице / 3.600 ден. за 2 лица / 4.400 ден. за 3 лица

– Студенти и средношколци: 300 ден. за 1 лице

– Фриленсер: 500 ден. за 1 лице

Пријавувањето е на линкот: http://bit.ly/intrepreneurshipbootcamp додека има места или најдоцна до понеделник 14 ноември 2016 година до 11:00 ч. Местата се строго ограничени, затоа побрзајте.

Напомени:

  • Учеството на вториот дел е возможно само ако сте учествувале на првиот дел и не се доплаќа дополнително.
  • Само во првиот дел може да учествувате и независно од вашиот статус доколку сте заинтересирани само да научите за експоненцијални технологии и корпоративни иновации без да се вклучувате во практичната изведба на проекти за конкретни компании во вториот дел.
  • Во 2017 година учеството на истата обука ќе биде можно по редовна цена почнувајќи од 12.300 ден. по компанија, 3.500 денари за студенти и 5.300 денари за freelancer- и.

За повеќе информации пишете ни на: contact@newmansba.com или јавете се на 070 365436.