Silk leaf – вештачки лист што го прочистува воздухот и произведува кислород

66

silk leaf

Младиот научник Џулијан Мелкиори е креатор на изумот наречен Silk Leaf. Тој го направи овој револуционерен производ, користејќи ги природните материјали свила и хролопласт.

silk leaf 1

Овој лист ги апсорбира штетните гасови и произведува кислород. Материјалот се вади директно од влакното на свилата и може да ги стабилизира молекулите. Екстрактот од хлоропласт е ставен во протеините од свила и како резултат на тоа се добива лист што условно дише и живее.

Silk Leaf може да има широка примена и да се користи за еколошки фасади и за вентилациски системи.

Фото: Julian Melchiorri