Силос – апликација што го решава проблемот со откуп на земјоделски производи

94

zetva

Програмерот Александар Сабо од Нови Сад креираше уникатен софтвер наменет за земјоделските задруги и земјоделски здруженија во Србија и регионот. Неговата апликација Силос го решава проблемот со откупот на земјоделски производи и овозможува едноставно управување со стоката во складиштата. Со оваа апликација, задругите во секој момент имаат увид во работењето, пишува Нетокрација.

Александар идејата ја добил кога решил да и помогне на сестра му околу комплицираните пресметки на крајот на жетвата. Требало да се пресмета колку стока треба да предадат земјоделците за долгот, колку можат да продадат на откупувачи и колку сакаат да остават во складиште. Апликацијата Силос помага околу специфични процеси и настојува да реши два големи проблеми со кои се соочуваат фирмите – пресметување на кооперација (процес во кој земјоделците од своите задруги земаат семе и ѓубриво, а исплата ја вршат во вид на стокова размена на крајот на жетвата) и спојување на различни откупни места во Србија. Силос им овозможува на клиентите да пресметаат и да управуваат со количината стока со која располагаат, како и во секој момент да знаат колку средства вложиле во понатамошно производство преку стокова размена и на едно, централизирано место, да имаат податоци од сите откупни места.