Данската компанија COBE неодмна ги претстави плановите за ревитализација и трансформација на старо складиште за жито во ексклузивен станбен простор сместен во централниот дел на населбата Нордхавнен во Копенхаген.
Постоечката индустриска структура висока 62 метри ќе се претвори во станбен простор, додека во приземјето и на последниот кат ќе бидат сместен галерии и ресторани.
Поради претходната намена на објектот – силос за жито, секој кат има различна просторна структура, што ќе значи дека ќе има 40 различни типови на станови. Секоја станбена единица ќе има големи панорамски прозорци и тераси од кои ќе има поглед кон целиот град. Проектот би требало да заврши до 2016 година, а архитектите одлучија максимално да го искористат потенцијалот на објектот и да го адаптираат на модерните услови за живот.
Постоечкиот ентериер на силосите ќе биде целосно сочуван, а сировите елементи од индустриската архитектура ќе бидат видливи на секој чекор.
Силосот е позната икона на градот и најголемата индустриска зграда во населбата Нордхавнен. Станува збор за посебен белег во тој дел од градот, а она што е посебно интересно во овој проект е можноста да се зачува душата на градот и да се даде нова и поголема функционалност на просторот.