Симболот на Белград добива нов сопственик

153

Marera Properties, една од најголемите компании на пазарот на комерцијални недвижнини во Србија, ќе биде нов сопственик на деловната зграда позната како Белграѓанка, што е своевиден симбол на српската престолнина.

Како што пренесуваат српските медиуми, во рамки на постапката за јавно наддавање, што го спроведоа градските власти, фирма ќерка на Marera Properties, даде најдобра понуда и сега е во процес на склучување на купопродажен договор.

Аквизицијата се однесува на канцеларискиот простор на зградата, а не го опфаќа малопродажниот објект покрај Белграѓанка. Станува збор за скоро 20.000 метри квадратни во објектот, којшто откако е изграден во 1974 година, не е направена ниту една поголема реконструкција.

Новиот сопственик се обврза на дополнителна инвестиција во вредност од осум милиони евра, што треба да се реализираат во рок од три години.

Палата Белград по реконструкцијата ќе ги отвори вратите за деловната заедница, а заинтересираните ќе имаат на располагање атрактивен канцелариски простор по највисоки стандарди и прилагодени на современиот концепт.

Фото: Marera Properties