Симболот на Силиконската долина ќе се сели во новиот кампус на Apple

47

baraka

The Glendenning Barn, барака која важи за историско обележје, изградена е во Купертино, Калифорнија уште пред технолошките компании да почнат оваа област да ја нарекуваат Силиконска долина. Наместо да ја урне заедно со старите канцеларии на HP, технолошкиот гигант Apple одлучи да ја сочува. Ќе ја разложи дел по дел, а потоа повторно ќе ја состави во новиот кампус, пишува The Telegraph.

Бараката ќе се наоѓа до фитнес центарот на Apple и ќе се користи за чување на материјали и спортска опрема. Оваа барака и припаѓала на фамилијата Гленденинг, кои ја користеле како штала за коњите и за опремата потребна за обработка на овоштарниците. Земјата во 70-тите ја купува Hewlett – Packard, но ја задржува бараката.