Сименс издвојува дивизија за комуникации, медиуми и технологии

24

Вонредното собрание на Сименс д.д. донесе одлука за издвојување на стопанска целина, дивизија CMT (комуникации, медиуми и технологии) од 1 јануари 2013 година.

Одлуката е донесена согласно глобалната стратегија на Сименс АГ чија цел е адаптирање на специфичните и актуелни барања на потрошувачите и на глобалниот ИКТ пазар. Идната организациска структура ќе овозможи побрзо и пофлексибилно работење кое се очекува од водечки понудувач на ИКТ услуги.

Издвојувањето на дивизијата CMT е процес кој поради сложеноста траеше повеќе месеци. Името на новото друштво е Siemens Convergence Creators d.o.o. и во него ќе работат 350 работници.