Симуновски: Сопствениците на криптовалути се добитници на долг рок од политиките на Трамп

Царините на САД ги тресат светските финансиски пазари – берзите и крипто-пазарот се во центарот на вниманието. Додека глобалните берзи се соочија со историски дводневен пад, биткоинот покажа стабилност, зајакнувајќи го својот имиџ како потенцијално безбедно засолниште за време на економските турбуленции. Повеќе од 5 трилиони долари во вредност беа избришани од S&P 500 по агресивните нови царини на американскиот претседател Доналд Трамп, но биткоинот падна за само 3,7%, држејќи се над клучната граница од 82.000 долари. За споредба во март 2025 година крипто-пазарот имаше пад од 4,4 проценти, по нестабилноста што настана откако Трамп издаде извршна наредба за воспоставување Стратешка резерва на биткоин, но и поради тековната несигурност во однос на стапките на Федералните резерви.

Низ светот се јавуваат повеќе дилеми, меѓу кои најголеми се какво ќе биде понатаму влијанието на царините на биткоинот кога ќе заврши 90-дневната пауза за над 75 земји и дали сопствениците на криптовалути се најголемите добитници од политиките на Трамп…За дел од експертите сопствениците на криптовалути се секако добитници на долг рок. Според крипто-експертот и портфолио стратег, Дарко Симуновскиполитиките на Трамп допрва треба да се спроведуваат и да се направи САД како еден светски препознатлив крипто хаб. Оценува дека крипто-инвеститорите ќе бидат дополнително во добивка кога Владата ќе почне со купување на криптовалути (за дигиталниот фонд и биткоини фонд за национални резерви), а со тоа светската адаптација ќе го започне суперциклусот на блокчејн технологијата.

Целиот тект нa Локално.мк