Син дијамант од 55 милиони долари оди на аукција

33

BlueMoon-Diamond-600x300Редок син дијамант од 12,03 карати се очекува да достигне цена од рекордни 55 милиони долари кога ќе биде даден на аукција во ноември auction in November, велат од аукциската куќа Sotheby’s.

Скапоцениот Blue Moon што беше пронајден во Јужна Африка минатата година, ќе биде изложен во Хонг Конг, Лондон и Њујорк пред да биде продаден на 11 ноември во Женева.

Untitled

Според институтот за гемологија во Америка, овој темно син дијамант е со беспрекорна внатрешност. Ова ќе биде најголемиот скапоцен камен во форма на перниче што некогаш се појавил на аукција.

Аукциската куќа постави минимална цена од 35 милиони долари, но се надеваат дека истата ќе се искачи до 55 милиони долари, што би била рекордна цена за син дијамант.