Синџир хотели и казина го напушта Лас Вегас и се сели во Азија

114

Синџирот хотели и казина Sands продава недвижнини во Лас Вегас за 6,25 милијарди долари и се сели во Макао и Сингапур.

Компанија за промет со недвижнини одвојува четири милијарди долари за хотелот The Venetian Las Vegas и за конгресниот центар Sand Expo. Во исто време, инвестициона компанија најави дека го купува бизнисот на Sands за 2,25 милијарди долари, пренесува CNBC.

Целта на продажбата е компанијата да ги зголеми своите инвестиции во Азија. Пред пандемијата, недвижнините на Sands во Азија учествуваа со околу 90% од вкупните приходи на компанијата, а сега планираат значителни инвестиции и ширење на бизнисот во Макао и Сингапур.

“Нашата компанија е фокусирана на раст и гледаме значајни можности на различни фронтови. Азија останува важна и нашиот развој во Макао и Сингапур е во преден план“, вели Роберт Голдштајн, извршен директор на компанијата.

Продажбата на имотот во Лас Вегас означува крај на една ера, но можеби не и крај на Sands во САД. Останува седиштето на компанијата во Невада.

Фото: Pexels