
Бројот на пристигнувања на странски туристи во Шпанија во февруари се зголеми за 7,7 отсто на годишно ниво на приближно 5,4 милиони, што претставува најуспешен февруари за туризмот во историјата на оваа земја од почетокот на мерењата, објави денеска шпанскиот национален институт за статистика (INE).
Еден милион туристи од Велика Британија ја посетиле Шпанија во февруари, 6,8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
Бројот на туристички посети од Франција скокнал за 15,9 отсто на годишно ниво на 719.366, а од Германија за 4,1 отсто на 616.766 посетители.











