Синдикат „Стелантис“: Компанијата во Италија отпушти 10.000 работни места за четири години

Во последните четири години, компанијата „Стелантис“ скрати речиси 10.000 работни места во Италија, објави  синдикатот „Фиом-цгил“.

Синдикатот на производителите на автомобили забележува дека производството на возила, вклучувајќи комбиња и мали камиони, е повеќе од преполовено од 2004 година, објави „Ројтерс“.

„Стелантис“ ги вклучува италијанските брендови „Фиат“, „Ланчија“ и „Алфа Ромео“, кои значително го намалија своето работење во последните години, додека корпорацијата се справуваше со глобални предизвици, како што е трката за електрификација на возилата и наоѓање одговори на конкуренцијата од Кина.