
Британскиот синџир на приватни клубови Soho House беше продаден на конзорциум од инвеститори предводен од американската група MCR Hotels и со поддршка на приватниот инвестициски фонд Apollo за две милијарди фунти (2,32 милијарди евра), а посебно внимание на јавноста привлече веста дека холивудскиот актер и инвеститор Ештон Качер ќе се приклучи на одборот на директори на компанијата.
Договорената цена за откуп од 9 долари по акција претставува премија од 18 проценти во однос на последната пазарна вредност, но сепак останува под рекордниот максимум од 14,21 долари во август 2021 година, објавува BBC.
Soho House, основан во 1995 година во Лондон, прерасна во глобална мрежа од 46 ексклузивни клубови, хотели и сродни бизниси во Европа, Северна Америка и Азија.











