Singapore Airlines авиокомпанија со најдобра храна

8

maxresdefault

Singapore Airlines ја доби титулата интернационална авиокомпанија што служи најдобра храна, пишува Luxuo. Магазинот Travel + Leisure во своето годишно доделување на награди во разни категории World’s Best Awards, ја прогласи оваа компанија за најдобра во категоријата In-Flight Dining. Во 2015 година Singapore Airlines доби слично признание и од списанието Saveur.

За одличната храна придонесуваат врвните готвачи Јошихиро Мурата од Јапонија и Џорџ Бланк од Франција, кои готват за патниците од прва, бизнис и премиум економска класа. Патниците добиваат говедско бургоњон, јастог Thermidor, кантонска печена патка, суши, говедски гради со рузмарин и слично, што се нарачуваат 24 часа однапред. Пред да бидат послужени, овие јадења се строго контролирани за квалитет.

За оние што многу внимаваат на храната, авиокомпанијата неодамна воведе и специјално мени Deliciously Wholesome, каде можат да се најдат салати, риби, тофу, чизкејк и киноа.

singapur

Вака изгледа топ десет листата на авиокомпании со најдобро мени:

1. Singapore Airlines

2. Emirates

3. Etihad Airways

4. Qatar Airways

5. Cathay Pacific

6. Turkish Airlines

7. All Nippon Airways

8. Japan Airlines

9. Virgin Atlantic Airways

10. Thai Airways International