Сингапур ќе воведе автономни автобуси во 2022 година

22

singapore-2706849_960_720

Фото: Pixabay

Сингапур планира да воведе автономни автобуси од 2022 година. Сингапурските власти соопштија дека пилот проектот ќе се спроведе во три нови населби и со тоа да го намали користењето на автомобилите, а ќе ја зголеми мобилноста на граѓаните, пишува BBC.

“Автономните возила значително ќе ја подобрат достапноста и поврзаноста со нашиот систем за јавен превоз, особено за постарите лица, семејствата со мали деца и помалку мобилните“, вели министерот за транспорт, Кав Бон Ван.

Сингапур има помал сообраќаен метеж во споредба со многу други градови во Југоисточна Азија, поради скапите патарини и политиките што го промовираат јавниот транспорт.

Земјата, исто така, се надева дека ќе стане лидер во технологиите без возачи.