Сингапур произведува вода за пиење од канализација

44

Во Сингапур има неколку фабрики  што произведуваат вода за пиење, а како суровина ја користат отпадната вода од градската канализација.

Преку таканаречениот New Water, Сингапур станува помалку зависен од увоз на вода од соседните земји, од кои до скоро увезуваше големи количини на вода за пиење по високи цени.

Сингапур се протега на површина од околу 700 квадратни километри, а има околу шест милиони жители, со што оваа земја е меѓу најгусто населените. Иако е опкружен со море, десолинизацијата за добивање вода за пиење е еден од начините што земјата го користи за да добие вода за своето население и за економијата

Дневните потреби на Сингапур за вода се околу два милиони кубици свежа вода секој ден, од кои домаќинствата трошат околу 45%, а остатокот е наменет за јавни установи, индустрија и останати дејности.

Во процесот на преработка, претходно третираната отпадна вода од канализација се прочистува до ултра чиста вода со висок квалитет со помош на врвна технологија, што вклучува и UV дезинфекција, од водата се отстрануваат скоро сите примеси, па добиената вода е “премногу чиста“ за пиење и не содржи ниту минерали што ѝ даваат освежителен вкус, пренесува магазинот Индустрија.

Фото: Freepik