Сингапур прв дозволува продажба на месо од лабораторија

111

Сингапур му даде дозвола на американскиот старт – ап Eat Just да почне со продажба на своето пилешко месо што го одгледува во лабораторија. Според компанијата, ова е прво регулаторно одобрение на светот за таканаречено чисто месо што не доаѓа од животни.

“Првата регулаторна дозвола во светот за создавање на висококвалитетно месо е создаде од животински ќелии за безбедна исхрана на луѓето и отвора пат за мало комерцијално лансирање во Сингапур“, велат од компанијата.

Побарувачката за алтернативи на обичното месо расте поради загриженоста на потрошувачите за нивното здравје, добросостојбата на животните и околината. Опциите за растително месо сè почесто се појавуваат на полиците на супермаркетите и менијата на рестораните.

Месото ќе се продава во грутки, чија цена ќе биде околу 50 долари.

Фото: Freepik