Сингапур станува безбеден рај за ултра богаташи

20

Пари се “вртат“ во Сингапур како никогаш досега, а семејните канцеларии, продажбата на Bentley и цените на недвижнините “цветаат“, пишува Bloomberg.

Кога Кејт Ох, дилер на автомобили од Сингапур ја прочита пораката на Facebook, не беше сигурен дали е вистина. Клиент од Кина порача Bentley од 830.000 долари.

“Само прашаа за цената и кога сме во можност да го испорачаме, тоа беше сè. Вреди скоро милион долари за нас, но за нив најверoјатно тоа не е проблем“, рекол тој.

Како никогаш досега се троши во Сингапур, особено откако се појави пандемијата и политичките превирања во Хонгконг. Градот стана безбедно “засолниште“ за некои од најбогатите тајкуни во регионот.

Според Стефан Репкоу, основач на Wealth Management Alliance, богаташите кои можат да изберат каде сакаат да живеат, Сингапур е место што треба да го изберат за свој дом.

Сингапур долги години ги привлекува богаташите од Кина, Индонезија и Малезија, кои доаѓаа во градот на кратки патувања за шопинг, играње во казино или лекарски прегледи во врвни клинички центри.

Но, поради пандемијата многу работи се променија, па многу тајкуни и нивните семејства останаа да живеат во Сингапур на подолг временски период.

Фото: Pexels