Сирење што се прави во Србија е најскапо во светот

Пуле сирењето е најскапото сирење во светот, со цена од 1.300 долари за килограм, објави YouTube//Инстаграм каналот Top5expensiveinsta, кој се занимава со проучување и креирање на вакви списоци Ова исклучително магарешко сирење е направено по традиционален рецепт што се пренесувало низ вековите.

Молзењето се врши три пати на ден, исклучиво рачно. Со оглед на тоа што тие произведуваат само мали количини млеко за време на овој процес, сирењето е исклучително вредно.

Инаку, магарешкото млеко е богато со витамин Ц, со содржина која го надминува кравјото млеко за дури 60 пати, додека има многу низок процент на масти. Сирењето Пула се одликува со својата мека, ронлива текстура и  сладок вкус, а познато е и по бројните здравствени придобивки.

Инаку, ова сирење се произведува во природниот резерват Засавице, каде што се одгледуваат магариња. Производството на ова сирење само по себе е многу скапо, па оваа цена воопшто не изненадува. Најчесто се користи како богат додаток на некои јадења.