Системите на УЈП повторно функционираат

98

Управата за јавни приходи соопшти дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција.

Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера после 16.30 часот, успешно се завршени, и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи.

Оттаму изразија благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето.