Сите го користиме постојано, но дали знаете како изгледа?

140

Сите го користиме интернетот секој ден, но дали знаете како изгледа? Доколку првата идеја за интернет ви е огромна зграда исполнета со кабли и сервери, со високи мерки за безбедност, тогаш и не сте многу далеку од реалноста.

Интернетот се наоѓа во таканаречени “carrier хотели“, во коишто мрежите на операторите се спојуваат во една поголема мрежа, односно во интернет. Овој процес овозможува стотина километри кабли споени со огромен број на сервери.

Во овие “хотели“, влезот не е воопшто едноставен, бидејќи имаат силни мерки за безбедност, па дури и сокриени замки.

Како функционира интернетот?

На вашиот омилен уред (компјутер, телефон, таблет…) го отворате омилениот пребарувач – Chrome, Firefox Edge, Opera, Internet Explorer…, ја впишувате омилената адреса и притискате Enter. Но, дали знаете што се случува потоа?

Интернетот претставува мрежа или поврзани компјутери коишто меѓу себе комуницираат на различни начини. Таа врска меѓу компјутерите може да биде постојана или привремена. Оние компјутери што се постојано поврзани и достапни на останатите компјутери се нарекуваат сервери. Тие од обичните компјутери се разликуваат по тоа што во нив има посебен софтвер, благодарение на кој може да се одговори на барањата што доаѓаат од другите компјутери. Компјутерите што испраќаат свои барања се нарекуваат клиенти, па во случајот после Enter, компјутерот станува клиент.

На еден сервер може да се најдат повеќе веб страници. Кога некој клиент ќе ја впише адресата на некој сајт, серверот на којшто се наоѓа тој сајт го прима барањето, го пронаоѓа и како повратна информација ја испраќа содржината, односно насловната страна на сајтот.

Бидејќи на интернет постојат многу сервери, се поставува прашањето како брзо може да се пронајде серверот на којшто се наоѓа веб сајтот што сакаме да го отвориме? Во тоа помага domain name server (DNS), којшто претставуа своевиден интернет именик на веб сајтови.

Фото: Pixabay